
Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба за лица над 18 години вакцината против ковид-19 Синовак, што е втора кинеска вакцина, која доби такво одобрување. СЗО соопшти дека податоците доставени до нејзините експерти покажале дека половина од оние кои примиле две дози од таа вакцина не развиле симптоми на ковид-19. Сепак, СЗО наведува дека многу мал број луѓе постари од 60 години биле вклучени во студијата и не може да процени колку е ефикасна вакцината меѓу нив.