ВЕСТИРЕГИОН

Албанскиот премиер Рама во посета на Турција

Албанскиот премиер Еди Рама се наоѓа во дводневна посета на Турција, каде се сретнал со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Advertisements

Рама на Инстаграм објави фотографија со Ердоган на која пишува „пријатели“.
Целта на посетата на Анкара, според него, е унапредување на „билатералната соработка меѓу министерствата, за напредокот на заедничките проекти“.

„Дводневна посета за напредок на билатералните проекти за соработка меѓу министерствата и организирани контакти со инвеститори во дигиталната технологија, туризмот, фармацевтските производи, енергијата, транспортот“, напиша Рама.

Рама беше во посета на Анкара на почетокот на јануари, а потоа и на крајот на март, кога потпиша договор со турската компанија – дистрибутер „Кејмен илач Санаји тикарет“ за еден милион вакцини „Синовак“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button