СВЕТ

Холандски суд во случајот на уривањето на МХ17 покажа делови од руски ракети како доказ

Судот во Амстердам денес соопшти дека остатоците собрани на местото на уривањето се делови од руски ракети од системот БУК.

Advertisements

Според судскиот записник, на местото на несреќата се најдени девет делови на ракетата, а метални парчиња се најдени и во телата на пилотите, во багажот и остатоците од авионот.

Уривањето на малезискиот патнички авион се случи во јули 2014 година над зоната на конфликтот во источна Украина.

Судот покажа фотографии од реконструираниот авион, на кој се гледале илјадници дупки од куршуми, со тоа што најголемата штета била на левата страна на кокпитот, каде ракетата наводно експлодирала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button