ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русија протера македонски дипломат

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија, пренесувајќи го соопштението на руското министерство за надворешни работи.

Advertisements

„Вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата“, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Во соопштението се објаснува и дека ваквата мерка е одговор на немотивираната одлука на Северна Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button