ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расте притисокот кон Бугарија – по Франција, и Холандија бара веднаш да почнат преговорите со С Македонија

Кабинетот на премиерот Марк Руте го известил тамошниот парламент дека на сесијата на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), која ќе се одржи на 22 јуни, холандската влада има намера да го поддржи прифаќањето на преговарачката рамка и одредувањето датум за одржување на првата меѓувладината конференција со Северна Македонија и со Албанија.

Advertisements

За разлика од позицијата за Северна Македонија, ставот за Албанија е издвоен во посебен документ напишан на 11 страници. Во него се нагласува дека за разлика од ланскиот скептицизам околу подготвеноста, Холандија заедно со останатите земји членки кои имаа забелешки, сега смета дека е направен доволен напредок во однос на потребните услови за старт на преговорите.

Зеленото светло од Холандија не значи старт на преговорите за С Македонија доколку Бугарија остане на своето вето. Сепак, оваа поддршката заедно со синоќешната директна порака од Париз, говори дека земјите членки го стеснуваат кругот околу официјална Софија.

Извор: 360 Степени

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button