МАКЕДОНИЈА

Реакција на Левица за најавеното европско знаме на Законот за државјанство

Владата на СДСМ и ДУИ повторно сака да прошверцува во Собрание исклучително штетен закон за Република Македонија, злоупотребувајќи го европското знаменце – што претставува кривично дело, реагираат денеска од опозициската партија Левица. Во соопштението меѓудругото се додава:

Advertisements

Откако увиде дека Левица со сите сили ќе се бори да го спречи донесувањето на Законот за
државјанство, Владата реши овој Закон да го предложи со европско знаменце и со тоа да спречи било каква дебата по овој лош закон!
 
Се поставува прашањето, како може овој закон за се поднесе со европско знаменце, кога тоа се прави само за закони кои што треба да ги донесе државата, со цел усогласување со европското законодавство. Со овој закон, не само што не се врши усогласување со европското законодавство – туку законот претставува кршење на истото, затоа што е во спротивност со делот на Европската конвенција за државјанство, кој го уредува начинот на добивање државјанство во случаи на државна сукцесија со цел избегнување на бездржавјанството, како и начелото за недискриминација, предвидено во истата конвенција.

Јасно е дека носењето на овој закон е договор помеѓу СДСМ и партиите на албанското малцинство, со цел да си обезбедат дополнителен број на гласачи. Неслучајно, секогаш кога СДСМ е на власт, во Македонија се делат “бесплатно” државјанства и тоа претежно само на една етничка заедница, со што се врши насилна промена на демографската структура на населението во Македонија, велат од Левица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button