
Глушец во Африка е наградено со златен медал за својата работа во откривање на нагазни мини. Глушецот по име Магава за време на неговата „кариера“ открил 39 мини и 28 други неексплодирани убојни направи. Британската ветеринарна добротворна организација PDSA го додели златниот медал на глувчето, „за спасување човечки животи за време на задачата за откривање на смртоносни мини во Камбоџа“.
Според официјалните податоци, се оценува дека сè уште има над 6 милиони мини на територијата на југоисточна Азија. Од 30 животни кои ја освоиле оваа награда, Магава е првиот глушец. 7-годишниот глушец е обучуван една година од регистрирана минска организација во Белгија.