ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Павиќевиќ: Срамно е да се наплаќаат сведителства, особено во година со онлајн настава

Сојузот на средношколци бара Државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите од направените инспекции во училиштата за кои имаше тврдења дека на учениците им наплаќале пари за свидетелства. Од Сојузот бараат и училиштата да им ги вратат парите на учениците и нагласуваат дека е срамно да се напаќаат сведителства, особено во година која, како што посочуваат, имало неквалитетна онлајн настава. Имаат и забелешки на тоа што Бирото за развој на образованието годинава не ги обезбедило навреме сведителствата за сите ученици.

Advertisements

-Некои училишта прават бизнис од јавното образование кое според законот е бесплатно. Бараме ДПИ јавно да ги објави извештатите за направените инспекции во четирите училишта. Ги поздравивме инпекциите, но, не интересира методологијата на извештаите односно како дошле до овие заклучоци. ДПИ го контактиравме на 14 јуни, а се уште немаме одговор. Затоа сметаме дека извештатите по ова прашање треба да бидат јавни, рече новиот лидер на средношколскиот сојуз Лука Павиќевиќ на денешната прес-конференција што се одржа пред Министерството за образование и наука.

Се надеваме, додаде тој, дека во следните денови ќе ги добиеме извештаите и на електронската пошта на Сојузот на средношколци.

-Денеска сакаме директно да им се обратиме на четирите училишта. Ние знаеме кои сте, вие самите знаете кои сте. Вратете ги парите кај учениците зошто само така може да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат сведителства кога било, но, особено во училишна година целосно одржана преку неквалитетна онлајн настава со професори кои беа слабо обучени или воопшто не беа, истакна тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button