МАКЕДОНИЈА

Амбасадорката Брнс изрази разочарување од недостигот на консензус меѓу земјите-членки на ЕУ

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс изрази разочарување од недостигот на консензус меѓу земјите-членки на ЕУ за одредување датум за почеток на преговорите со Северна Македонија. Според неа, земјата ги исполнила своите обврски. Во меѓувреме, евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека ЕУ, преку словенечкото претседателство, ќе продолжи со напорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија.

Advertisements

„Остануваме разочарани што земјите-членки на ЕУ не успеаја да ја постават преговарачката рамка за Северна Македонија на советот за општи работи. Но, нема сомнение дека Северна Македонија ја заврши потребната задача да започне преговори за членство во ЕУ. Ова е чекор за кој веруваме дека ќе ја зголеми стабилноста во регионот, ќе ги унапреди политичките и економските активности кон Европа и ќе помогне во градењето пошироки односи во светот. Ова е дел за кој се согласуваме ние и нашите партнери во ЕУ“, рече Кејт Мери Брнс- амбасадорка на САД.

„Бидејќи секогаш ги повикувавме владите да ги решаваат прашањата билатерално, треба да ги признаеме и искрените напори што се направени неодамна. Постигнат е напредок, но работата треба да продолжи што е можно побрзо. Сега останува на словенечкото претседателство да продолжи напред и да вложи напори за решавање на ова прашање за да можеме да ги отвориме преговорите што е можно побрзо. Сега е време сите да останеме посветени. Убедени сме дека со посветеност ќе ги постигнеме нашите цели“, рече Дејвид Гир- амбасадор на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button