СВЕТ
Пожар во урнатата зграда во Мајами ја отежнува работата на спасувачките екипи

Пожар изби во урнатините на дел од зградата во сојузната американска држава Флорида и ги отежна напорите на спасувачите кои трагаат по 159 исчезнати лица.
Пожарникарите не можат да го пронајдат изворот на пожарот во урнатините во малото гратче Сурфајд, во близина на Мајами.
Дел од дванаесеткатницата се урна во четвртокот, а досега е потврдена смртта на четири лица.