МАКЕДОНИЈА
ЛДП на локалните избори настапува во граѓанска коалиција од центарот

Централниот одбор на Либерално-демократската партија на вчерашната седница донесе конечна одлука на следните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција која ќе ја сочинуваат неколку партии и бројни граѓански активисти.
– Центарот како проевропска опција е важна за граѓаните, особено на локално ниво да се креираат локалните политики и да се обезбеди подобра иднина на граѓаните, како и економски и социјален развој, рече Горан Милевски, претседател на партијата.
ЛДП на седницата го формира и Централниот изборен штаб кој ќе го води потпретседателот на ЛДП, Игор Вељаноски.