Повеќе од 10 милиони жители на Австралија се опфатени со некакви рестрикции за спречување на ширењето на ковид-19 поради појавата на делта-сојот. Откако во повеќе делови од земјата беа воведени некакви рестрикции, денеска итен состанок поради зголемениот број на инфекции треба да одржи и Совет за национална безбедност.
Австралиската држава Квинсленд од денеска повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничени собирите во домовите. И Западна Австралија претходно го врати на сила носењето маски во затворени
Главните градови на Нов Јужен Велс (Сиднеј) и на Северната Територија (Дарвин), пак, за време на викендот воведоа нов карантин. Сиднеј кој е најнаселен град во Австралија регистрираше 128 случаи на делта-сојот, а ќе биде во карантин две недели.
„Мораме да бидеме подготвени на значителен пораст на бројот на нови случаи сега кога се бориме против новиот сој“, предупреди премиерката Гладис Берџиклиан.