ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Продолжуваме со напорите за решение со Бугарија и за време на словенечкото претседателоство

Премиерот Зоран Заев изрази увереност дека словенечкото претседавање со ЕУ, коешто започнува од први јули, ќе покаже сериозен фокус кон прашањето за проширувањето и отпочнувањето на првата меѓувладина конференција. Како што додаде Заев, македонската страна ќе продолжи со обидите за изнаоѓање решение за отстранување на бугарското вето, но до степен што може да се разговара.

Advertisements

„Ние продолжуваме, со напори, со обиди, знаејќи до каде смееме и што е дозволиво за разговори, надевајќи се дека час поскоро ќе продолжи европеизацијата низ европските механизми, а тоа се поглавјата….европеизацијата во нашата земја се случува секојдневно, ние немаме друга алтернатива. Моите очекувања се дека тоа ќе се случи во декември оваа година“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button