ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска: Очекуваме враќање на сите ученици во училиштата, но подготвени сме и за уште две други сценарија

Системот на образование е подготвен за три сценарија за новата учебна година – целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно здравствени протоколи и доколку биде стабилна епидемиолошката состојба. Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека тоа е најдоброто и најпосакувано сценарио кај сите во Владата.

Advertisements

-За тоа ќе одлучува Комисијата за заразни болести, но сите очекуваме состојбата во летниот период и во септември биде добра и затоа очекуваме ова сценарио да биде спроведливо, рече денеска Царовска, но МОН е подготвено и за две други – второ сценарио според кое наставата ќе биде како и во 2020/2021 – дел со физичко присуство и дел на онлајн-настава, и трето сценарио – во не многу критична состојба, поделба во групи односно ротирање на учениците на една недела за физичко присуство во училиштата за да нема нивно целосно затворање.

– За трите сценарија, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите ќе биде подготвено на 1 септември. Но сите ние очекуваме и сакаме 1 септември да го почнеме со сите ученици во клупи, секако согласно здравствени протоколи, но значајно е наставата да се одвива во училниците, изјави Царовска и соопшти дека МОН презентирал материјал за кој се дискутирало денеска на состанок на Главниот координатовен штаб.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button