ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тешко до конфискација на нелегално стекнатиот имот, ем краделе, ем си го зачувуваат

Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот оди тешко, констатираше Коалицијата „Сите за правично судење“. Во периодот на анализа детектиран бил мал број на изречена мерка – конфискација, во само 20 отсто од следените случаи. Истражувањето на веќе правосилно завршени постапки покажало дека најголемата сума на конфискација била околу 250 илјади евра, додека најниската само 500 евра и тоа за даночно затајување. Дополнително, коалицијата дошла до заклучок дека во случаи на организиран криминал и корупција, речиси и да немало конфискација на имот.

Advertisements

„Од една страна, самиот Закон за кривична постапка не е јасен дали обвинителот треба да поднесе некаков формален предлог за конфискација, што во одредена мера е причина зошто обвинителите воопшто не поднесуваат вакви барања. Во само девет од овие 30 случаи каде е изречена конфискација, постои некакво формално барање од обвинителот“, рече Дарко Аврамовски, Коалиција сите за правично судење.

Универзитетскиот професор, Никола Тупанчевски смета дека има недоволна примена на Законот за конфискација на имот. Праксата покажала дека лица осомничени за организиран криминал и корупција, уште пред да почне постапка против нив, го префрлале имотот на членови на семејството или пријатели.

„Ќе треба да се биде многу внимателен и да се превенира додека трае кривичната постапка, имотот да биде обезбеден. Да не биде оптоварен од други субјекти, што значи неостварување на зацртаната цел, односно конфискација на незаконски стекнатиот имот“, изјави Никола Тупанчевски, Универзитетски професор.

Случај кој изминативе години беше интересен за јавноста е „Труст“, каде на четири години и осум месеци беше осуден бизнисменот Сеад Кочан, еден од сопствениците на фирмата „Трансмет“. Беше осуден за злоупотреби при ископот на јаловина во РЕК Битола поради формирање на лажен конзорциум. Судот одлучи дека во буџетот треба да се вратат 17 милиони евра, онолку колку што тежел тендерот за ископ. Но, овој случај го заглавија граѓански постапки за долговите на „Трансмет“. Освен државата, за наплата чекаат и околу 270 доверители откако фирмата отиде во стечај.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button