
Свадби на затворено ќе се дозволат под услов бројот на гости да не надминува 40% од капацитетот на објектот. Владата на денешниот состанок ја усвои одлуката максимално дозволениот број на гости да биде 250.
Во текот на епидемијата свадбите и прославите беа забранети, а власта дозволи нивна организација од 1 јуни, но само на отворено и не повеќе од 50% исполнетост на капацитетот.