МАКЕДОНИЈА

Адеми: Опозицијата преку амандмани ги блокира законите во Собранието

Демократската унија за интеграција е конструктивна партија која сака да заклучи процеси и да се соочи со нови предизвици, изјави пратеничката на ДУИ, Вјолца Адеми во емисијата „Патот кон …“, обвинувајќи ги директно опозициските партии за блокирање на законите во Собранието, преку големиот број амандмани.

Advertisements

„Демократската унија за интеграција во својата историја е позната како конструктивна партија и затоа не случајно е победник во секој изборен циклус, таа е динамична партија која има за цел да го заклучи процесот и да се соочи со нови предизвици. Значи, во никој случај ДУИ не е одговорна за неусвојување на законите во Собранието на Република Северна Македонија и нивното блокирање преку амандмани во Комисиите, но имаме и блокирани закони коишто не се во Комисиите, што се случува во моментот од ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса и Алтернатива“, изјави Вјолца Адеми, пратеничка на ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button