Алијанса – Алтернатива бараат закон за државјанство со европска ѕвезда, реагира Апасиев

Нема решение за предлог-законот за државјанство. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива смета дека предлогот треба да се повлече и потоа во усогласена форма со Владата, да биде предложен со sвезда на ЕУ. Заедничката одлука на албанската опозиција и Владата се очекува во наредните денови.
„Секое одложување на овој процес и на овој закон дополнително им штети на пратениците кои желни за ситни политички поени од нивниот електорат, се обидуваат на секој начин да ја попречуваат работата на комисијата. Мислам дека ја достигнавме таа фаза. Треба да донесеме одлука и законот да премине во следна фаза затоа што треба да биде усвоен“, изјави Илире Даути, пратеничка на AА.
Партијата Левица, која го блокираше разгледувањето на актуелниот предлог, смета дека поднесувањето на текстот со европска sвезда е кривично дело.
Предлог-законот остана во фаза на разгледување на амандманите на албанската опозиција и Владата изготвени врз основа на договорот меѓу лидерите Заев-Села и Гаши. Последната седница на Комисијата за одбрана и безбедност беше одложена поради процедуралните говори на пратениците од македонската опозиција кои сметаат дека предложениот закон се коси со меѓународните и европските конвенции.
Адријан Керими