МАКЕДОНИЈА
Државната матура со средна оценка од 3,61

Средната оценка од двата екстерни испита на државната матура спроведени минатиот месец е 3.61. За нијанса е подобра оценката од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3.48.
Речиси 15 300 матуранти полагаа државна матура, а директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска рече дека преведено во оценка, резултатот од оваа матура е многу добар за разлика од 2019 кога оценката беше добар. Според неа, тоа покажува дека матурантите и покрај отежнатите услови, успеале да постигнат повисоки резултати и покажале дека тоа е возможно и со онлајн-наставата.