ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со интерпелација за Џафери

Покрај обраќањето на албански јазик во ЕП во Брисел, од Левица посочуваат дека причина за интерпелацијата е и тоа што Џафери и на пратениците Македонци им доставува двојазични материјали за седница, како и тоа што дозволи пратеници што се во изолација да дојдат во скафандер и да гласаат.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери. Информацијата денеска на прес-конференција ја потврдија двајцата пратеници на овие партии, Гордана Силјановска-Давкова и Димитар Апасиев.

Advertisements

Причината за интерпелацијата на Џафери е тоа што говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел, но и кршење на ковид-протоколите на седницата кога двајца пратеници од мнозинството, кои беа позитивни на ковид-19, дојдоа во скафандри за да гласаат за економските мерки.

Левица ја најави интерпелацијата во петокот, а тогаш од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат и кривична против Џафери поради кршење на Уставот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button