ЕКСПЕРТИ: Резолуцијата на ВМРО ќе ја зајакне позицијата на Македонија во преговорите со Бугарија

Резолуцијата на ВМРО за Бугарија, според политичките експерти, ќе ја зајакне позицијата на Македонија во преговорите. Малинка Ристевска Јордановска од Институтот за европска политика смета дека по блокадата од Софија, нашата земја нема потреба да прави понатамошни отстапки во преговорите, додека универзитетскиот професор Земри Елези ни изјави дека Резолуцијата би го зајакнала обединувањето на партиите.
“Мислам дека оваа резолуција на ВМРО како најголема опозициска партија во Парламентот на Македонија не е во смисла на блокирање, туку е во смисла на зајакнување и јакнење на потпишаниот Договор за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија и покажува обединување и единство на политичкиот фактор во Македонија, позицијата и опозицијата во највисоката институција како што е Парламентот и јасно ги покажува црвените линии каде е позиционирана и оти Македонија не може да излезе преку тоа. Значи, тука се работи за идентитетот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Значи, ова е резолуција што ја зајакнува позицијата на Македонија“, рече Земри Елези, универзитетски професор.