
Динамиката и обемот на војната во Карабах се исклучителни и досега невидени, како и нејзината воена компонента, напиша на Фејсбук портпаролот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акрун Хованисјан.
Во суштина, ние спроведуваме операции типични за војните од 5-та генерација. Постојат специфични карактеристики, ние ќе направиме темелна анализа по нашата победа. Само да кажам една работа… Артилеријата и средствата за воздушни напади сѐ повеќе се судираат – напишал Хованисјан.
Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на минатата недела. На 27 септември, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека вооружените сили на Ерменија гранатираа места на линијата за контакт во Карабах и дека меѓу жртвите има цивили и војници.
Според изјавите на Министерството за одбрана на Ерменија, Карабах бил подложен на воздушни и ракетни напади. Ереван тврди дека Баку започнал офанзива во правец на Карабах.