МАКЕДОНИЈА

Казни за 206 возачи во Скопје, 54 од нив за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Advertisements

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 19 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 15 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 35 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, седум за користење мобилен телефон, четири за нерегистрирани возила, 52 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, предупредуваат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button