МАКЕДОНИЈА

Димитров – Довжан: Словенија ќе работи за старт на преговорите со Северна Македонија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, на барање на словенечка страна, денеска имал видео-средба со државниот секретар во МНР на Словенија, Гашпeр Довжан, на која разговарале за приоритетите на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во следните шест месеци и вклучувањето на европското досие на Северна Македонија во тој контекст.

Advertisements

– Европската перспектива на Северна Македонија и регионот не е само во интерес на овој дел од Европа туку и геостратешка потреба на Унијата во овој клучен период, јасно препознаена и во Брисел и во главните градови на земјите членки. Тоа кореспондира и со приоритетите на нашите словенечки пријатели за кредибилна и стабилна ЕУ како израз на процесот на европско обединување. Станува невозможно да се одржи европското влијание без одржување на зборот од европска страна – почеток на пристапни преговори за оние кои испорачаа, како што е македонскиот случај, рекол вицепремиерот Димитров, стои во соопштението од СЕП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button