Гужвата пред шалтерите на МВР за издавање лични документи воопшто не е намалена

Некој со термин, а некој на милост и немилост на судбината. Ова е сликата што се повторува секој ден на шалтерите за издавање на лични документи. Поради високите температури редицата на граѓани наместо пред влезот сега чекаше во ходниците на Секторот за внатрешни работи. Коалицијата АА-ААА повторно реагираше на хаосот предизвикан во МВР. Според нив, термините за лични карти се суспендирани, бидејќи недостасуваат формулари/документи/примероци на македонски и албански јазик.
„Според информациите што ги имаме како Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива, од директни контакти со наши сонародници, проблемот се јавува кај оние граѓани кои имаат документи со истечен рок, и како последица на тоа не можат да патуваат на одмор во татковината. Одговорите што ги добиваат од дипломатските мисии, е дека немаат патни исправи и не можат да патуваат, чекаат повеќе од две недели, а тие две недели им се одморот за да дојдат во татковината”, изјави Шефик Дураку, Коалиција AА-AAA.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека ситуацијата е под контрола, и дека го зголемиле капацитет за да се избегне долго чекање. Тие ги негираат тврдењата на опозициските партии дека има прекини на термините за лични документи, велејќи дека има доволно формулари и дека термините за закажување функционираат.
„Има доволно лични, патни и документи за патување за следните две години. Исто така, процесот на одредување термини тече непречено и без никакви прекини, и граѓаните можат да продолжат да се пријавуваат за лични карти, пасоши и возачки дозволи. Документите со новото уставно име се исто така достапни на двата официјални јазици”, велат од Министерство за внатрешни работи.
Според Алијанса за Албанците и Алтернатива проблемот со недостаток на документи директно ќе влијае на резултатот од пописот на населението, затоа што сезонските работници со документи со истечен рок, ќе поминат повеќе од 1 година во странство и автоматски ќе бидат наведени како нерезиденти во евиденцијата на Заводот за статистика.
Аднан Ќаили