
Светската здравствена организација (СЗО) ги повика владите да бидат крајно внимателни со целосното укинување на ограничувањата наметнати за борба против коронавирусот, предупредувајќи дека со тоа ќе се зголеми бројот на нови инфекции. Директорот на СЗО, Мајкл Рајан, изјави дека „секоја земја сега ги отстранува ограничувањата на еден или друг начин“ со цел да се воспостави рамнотежа помеѓу враќањето во нормален живот и потребата од контрола на вирусот. Рајан рече дека „преносот на вирусот ќе се зголеми“ кога ќе се отворат земјите, бидејќи не се сите вакцинирани и не е сигурно колку вакцинацијата го ограничува ширењето на инфекцијата.