МАКЕДОНИЈА

Презентација на брзиот автобуски превоз во Скопје

Следниот месец ќе почне тендерската постапка за изградбата на брзиот автобуски превоз во Скопје. Со 70 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој во март идната година е најавена изградбата на првата линија која ќе сообраќа од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и обратно. Ќе се набават и 50 еколошки автобуси кои ќе се возат на средина од булеварите. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов убедуваше дека нема да се наштети на зеленилото.

Advertisements

„Нема да претрпи штета, напротив, ќе се дуплира… Во моментов на средишните жардињери каде што треба да помине коридорот БРТ имаме 7 759 билки, од кои 619 се листопадни дрва, 1 358 се зимзелени, другото е ниска вегетација. Сега имаме еден дрворед. Тогаш ќе имаме два, имајќи предвид дека од двете страни ќе имаме зелени коридори“, рече Шилегов.

Брзиот автобуски превоз ќе поминува на среде кружниот тек меѓу Влае и Ѓорче. Тоа според Шилегов нема да биде проблем за сообраќајот.

„Веројатно во моментов е апстрактно ова што го зборуваме за целосна дигитализација на сигнализацијата со цел на пропуштање на различни видови на сообраќај во различни временски интервал, давајќи приоритет на Бас рапит транзитот“, додава Шилегов.

Според европската банка за обнова и развој брзиот автобуски превоз во Скопје ќе го трансформира градот.

„Ние не само што финансираме, туку ги поддржуваме проектите од подготовка до имплементацијата, сè додека проектот е доставен, односно услугата е почната и бенефетите се видливи од корисниците. Тоа исто така значи дека аплицираме на стандарди, еколошки и социјална заштита, се осигуруваме проектите да ги вклучат најдобрите еколошки решенија, исто така услугите понудени на проектот да се прифатливи за сите“, рече Ијан Џеникс, помошник директор на ЕБОР Лондон.

Првата линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе треба да профункционира во 2024 година, додека за втората линија, од Бутел до Кисела Вода, се прават студии за да се дојде до најдоброто решение. Едно од нив е проширување на булеварот Цветан Димов во Чаир, а со самото тоа како што претходно најави Шилегов ќе се отстрануваат времени објекти во Чаир.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button