МАКЕДОНИЈА
Маричиќ во дводневна работна посета на Албанија

Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска престојува во дводневна работна посета на Албанија, каде заедно со заменик министерот за правда Агим Нухиу, ќе има средба со албанската министерката за правда Етилда Ѓонај.
Во фокусот на разговорите, информираат од Министерството за правда, ќе бидат заедничките приоритети на патот на евроинтеграцискиот процес, продлабочување на меѓусебната соработка во областа правда, како и пренесувања на искуствата во однос на спроведување на реформите во правосудството.
За време на престојот во Тирана, предвидено е Маричиќ да оствари средба и со македонскиот пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски и да го посети Македонскиот културен центар