МАКЕДОНИЈА

Во сообраќајна несреќа повредена малолетничка која управувала велосипед

Патничко возило „Даеву“ управувано од 22 – годишен жител на скопски Љубин синоќа удрило во велосипед управуван од малолетничка, која поради здобиените повреди е префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Advertisements

Синоќа во 19.20 чaсот на крстосницата од ул.„1“ и ул.„5“ во с.Љубин, скопско, патничко возио „даеву“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(22) од с.Љубин, удрило во велосипед управуван од малолетничка од с.Сарај, скопско.

Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата извршила увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button