СВЕТ
Силна експлозија во Париз, полицијата: Авион го проби звучниот ѕид!

Силна експлозија околу пладне ги вознемири жителите на Париз, пренесува францускиот сајт „thelocal“. Според медиумот, експлозијата се слушнала на целата територија на француската престолнина, како и во предградијата.
Реакции од граѓани почнаа да се појавуваат и на социјалните мрежи.
Сепак, од француската полиција излегоа со смирувачки тонови и соопштија дека продорниот звук потекнал од борбен авион кој го пробил звучниот ѕид.