ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Полициски автомобил се преврте во Скопје

Полициски автомобил се преврте утрово во Карпош, пишува Алсат. Инцидентот се случил околу 04:00 часот. Автомобилот се движел по патот близу училиштето „Орце Николов“, по што изгубил контрола и завршил превртен на тротоарот. Според првичните информации има тројца повредени полицајци, кои биле пренесени во градската болница.