СПОРТФУДБАЛ

Меси и Аргентина, победници на „Копа Америка“

Репрезентацијата на Аргентина го освои трофејот во Купот на Америка, откако во финалето го совлада Бразил со 1-0. Натпреварот започна со голема напнатост меѓу двата тима со груба игра и голем број на прекршоци. Во 22 минута по одличната асистенција на Де Паул, Анхел Ди Марија лесно го совлада бразилскиот голман за 1-0. Второто полувреме започна подобро за Бразилците кои ја презедоа целосната контрола над играта, и имаа неколку добри шанси да го изедначат резултатот, но се чинеше дека среќата не беше на нивна страна. Така Аргентина стана шампион по 15-ти пат во Копа Америка, а ова е прв трофеј на Лионел Меси со неговата репрезентација.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button