ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија и Албанија потпишаа договори за грижа на охридскиот регион

Македонија и Албанија денес потпишаа договор со кој се обврзуваат заднички да работат на разрешување на сите наследени и тековни предизвици во екологијата околу Охридското езеро. Според министерката за култура, Ирена Стефоска, вината за состојбата во која се наоѓа целиот регион треба да се бара и во локалните и во централните институции.

Advertisements

„Потребна е поголема коордонација и потребни се многу ресурси, особено во финансиска смисла“, рече Стефоска.

Договорот со Албанија вклучува изработка на стратегиски план со јасно дефинирани цели, иницијативи и проекти за заштита, како и конкретни мерки со утврдена временска рамка.

„Соработката што ја воспоставивме со Северна Македонија ни отвора врати за нови активности. Нè чекаат ангажмани кои беа подзаборавени заради пандемијата и на кои сега со обезбедувањето на условите, забрзано ќе работиме“, изјави Елва Маргарити- министерка за култура на Албанија.

„Ние заедно мора да ја зачуваме нашата природа и заедно ќе работиме на тоа за доброто на туризмот….“, рече Бленди Клоси-министер за животна средина и туризам на Албанија.

Една од препораките на УНЕСКО беше затворање на дивите депонии во Струга и Охрид. Во таа насока министерот за екологија, Насер Нуредини, ја коментираше изјавата на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој пред неколку денови рече дека на дивата депонија кај Струга може да се оди на пикник бидејќи била добро одржувана.

„Ние сме нон-стоп во контакт со локалните власти. Јас не сум бил на пикник на депонија. Тоа е прашање за градоначалникот на Струга, не за мене“, изјави Насер Нуредини-министер за животна средина.

Во однос на отстранувањето на бесправно изградените објекти во Охрид и Струга, министерката Стефоска пак, изјави дека власта нема двојни аршини кон никого.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button