МАКЕДОНИЈА

Теренската вакцинација продолжува и утре: Кои места ќе ги посетат мобилните тимови

И утре мобилни медицински тимови, ќе излезат на терен во руралните и селските средини за да им понудат вакцинација на граѓаните. Во планот за утре, предвидена е теренска вакцинација во повеќе места во околу 30-тина општина.

Advertisements

Здравствените власти очекуваат дека со ваквиот начин на имунизација, заедно со вакцинацијата во здравствените установи без закажување термин, ќе се вакцинираат што поголем број граѓани бидејќи, како што велат, со рестрикции не може да се живее, а имунизацијата е единствениот начин да се справиме со пандемијата.

„Вакцинирањето на граѓаните без закажан термин и вакцинирањето на терен се процеси што ќе се одвиваат наредниот период без прекин, со распореден направен од страна на здравствените работници од здравствените установи, распоредот ќе биде повторувачки, значи повеќе пати ќе се посетуваат населените места, селата, руралните места. Сметам дека на овој начин значајно се олеснува пристапот на граѓаните до вакцина буквално на цела територија на нашата држава“, изјави денеска министерот Венко Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button