Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до февруари 2024 година
Со измените законското решение се усогласува со Законот за употреба на јазиците и со уставните амандмани што произлегоа од Преспанскиот договор, односно во личните документи да стои новото уставно име на државата

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање.
Личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на почнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12 февруари 2024 година.
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.
Според Владата која е предлагач, Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта нема да предизвика фискални имликации и за неговото спроведување не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на државата.