ВЕСТИЗДРАВСТВО

И на вториот ден од теренската вакцинација интересот на граѓаните е голем

Чекање во редици, но без големи гужви можеше денеска да се видат на импровизираните пунктови за вакцинација низ земјава. Во просториите на ОУ „Дитурија“ во Сарај имаше голем интерес.

Advertisements

На вториот ден од теренската вакцинација од мобилни тимови во руралните области, но исто така и во оние на периферијата на главниот град, има голем интерес кај граѓаните, дури и оние кои беа поскептични и кои до денес не се пријавуваа за вакцинирање.

Граѓаните велат дека не се двоумат да се вакцинираат сега кога можноста за тоа им е речиси пред врата.

„Немав намера, но во кафулето ми рекоа дека ставаат вакцини кај училиштето и веднаш дојдов“…

„На 5-ти ми рекоа да одам таму, но кога дознав дека доаѓаат во училиштето да ставаат вакцини, реков, благодарам што не нè мачат да одам до таму“…

„Наместо да одиш со термин во „Борис Трајковски“, не можев да чекам, денеска одлучив бидејќи живеам тука во Сарај. Си реков – поблиску е, а ѝ кажав и на жената да дојде. Секој треба да излезе за здравје“…

„Се пријавив, но не отидов затоа што не ја видов пораката кога ми дојде и сега дознав дека има во Буковиќ. Кога отидов таму ми рекоа дека се во Сарај, па затоа дојдов тука со мојата сопруга да се вакцинираме“, рекоа граѓаните.

Утре овој мобилен тим ќе биде во скопските села кај Петровец. Други тимови ќе има низ другите градови.

Од Министерството за здравство велат дека интересот за вакцинација расте секој ден. Вчера биле вакцинирани вкупно 9.335 граѓани. Досега пак, на државно ниво се вакцинирале 676.620 лица, од кои 249 илјади со двете дози.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button