
Имотите се срушија во Рајнската област-Пфалц, соопшти радиодифузерот „SWR“, повикувајќи се на извори од полицијата, додавајќи дека уште околу 25 куќи се изложени на ризик.
Пријавени се смртни случаи во областа Арвејлер, регион за лозарство во близина на реката Ар, која се влева во Рајна. Извештаите од теренот ја опиша ситуацијата во руралниот округ Ајфелкреис Битбург-Прум како „крајно опасна“.
Портпаролот на областа изјавил дека петчлено семејство е заглавено во имот целосно опкружен со вода. Евакуирани се домови во области во радиус од 50 метри од реката Ар. Спасувачките екипи се заглавени во некои делови, поради силната струја на надојдените води.
Германската метеоролошка служба деновиве издаде предупредување за екстремни временски услови за делови од три западни држави.
Доцна синоќа двајца пожарникари се удавија, а армијата беше распоредена да им помогне на блокираните жители.
Хаген, град со 180.000 жители, вчера прогласи вонредна состојба, откако реката Волме се излеа од коритото. Надојдените води предизвикаа откажување на лифтовите во една локална болница, а дом за згрижување на стари лица мораше да спроведе евакуација.
Натамошни силни врнежи од дожд се очекува да ја погодат југозападна Германија денес и може да продолжат до петок навечер, предупредуваат синоптичарите.
„Ваква ситуација обично гледаме само во зима“, изјавил за радиодифузерот ВДР Бернд Мехлиг, службеник за животна средина од Северна Рајна-Вестфалија, најпогодениот регион.
„Нешто вакво, со овој интензитет, е сосема невообичаено во лето, додал тој.
Извор: Sky News