СВЕТ
Бројот на смртни случаи од уривањето на зградата во Флорида се искачи на 97

Бројот на загинати од срушена станбена висококатница во близина на Мајами се искачи на 97 лица, соопштија властите.
Од 97-те жртви, идентификувани се 90, соопшти денеска на Твитер градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава.
„Вкупниот број на потврдени смртни случаи сега е 97 – зачудувачка и срцепарателна загуба на животи. Идентификувани се 90, а известени се 88 семејства“, рече таа.