ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Доцни законот со кој ќе се забрани употребата на најлонските кеси во Македонија

Половина година доцни донесувањето на законот со кој пластичните кесиња требаше да се забранат за употреба. Предлог-законското решение за управување со пакување и отпад заглави во Собранието. Сега не се знае кога повторно ќе се најде на Комисијата за европски прашања, откако мнозинство пратеници законите за управување со отпад ги симнаа од дневен ред. Тоа го бараа еколошки организации бидејќи во еден свој дел законот овозможуваше увоз на отпад за горење, а министерот за екологија Насер Нуредини најави повлекување на тој член. Во меѓувреме, количините на производството на пластични кесиња од година в година растат.

Advertisements

„Кога зборуваме за зголемување на производството, можам да кажам дека во последниве 10-12 години тоа е двојно, податок што би требало да го вклучи алармот, имајќи предвид дека голем дел од тоа производство завршува на нашиот пазар…“, рече Снежана Василевска, Иницијатива за забрана на пластични кеси.
Законската забраната за употреба на пластичните кесиња нема да биде доволна, вели Василевска, туку е потребно да се едуцираат граѓаните и да се поттикне јавната свест за штетните последици на пластиката.

„Тука фокусот мора да се стави на реупотребата, бидејќи решенија што се базираат на трајни и реупотребливи алтернативи се единствените одржливи, зашто тие се во соодветство со природата и во согласност со принципите на циркуларната економија, каде што секогаш на врвот е превенцијата на отпадот“, Снежана Василевска, Иницијатива за забрана на пластични ќеси.

Со законското решение, сепак ќе се овозможи да се пазари со пластични, но биоразградливи кесиња, а една би чинела 10 денари. Во земјите каде пластичните кеси се забранети, намалено е производството на пластика. Според последните проценки годишно на нашиот пазар завршуваат околу половина милион најлонски кеси.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button