Летна карамел торта Шехерезада


Алсат
27.07.2020 08:19
Подготвени за десерт? Направете брза и лесна торта со бисквити, шлаг и пудинг, со збогатен вкус на карамел.
Состојки
850 мл. млеко
9 лажици шеќер + за декорација
3 прашоци за пудинг со вкус на карамела
125 гр. путер
500 гр. слатка павлака
400 гр. бисквити со путер
Подготовка
Чекор 1: Од млекото тргнете на страна 100 мл. и во него растворете ги пудинзите. На тивок оган ставете го шеќерот да се истопи и да карамелизира со повремено протресување. Додадете ги преостанатите 750 мл. млеко да се спои со карамелот и да зоврие. Ставете ја измешаната смеса за пудинг во млекото со карамелот и варете додека да се згусне. Оставете го да се олади.
Чекор 2: Изматете го путерот кој бил на собна температура и соединете го со оладениот пудинг. Изматете ја слатката павлака.
Чекор 3: Наредете еден ред бисквити, фил, слатка павлака, и повторете уште 3 пати. Ние за декорација направивме форми од карамел на хартија за печење. Декорирајте за тортата и оставете во фрижидер да се стегне неколку часа.
Чекор 4: Сервирајте и декорирајте со карамел.
СОВЕТ: Кај оваа торта бисквитите не се топат во млеко бидејќи ќе омекнат од филот.