ЗАБАВА

Научниците докажаа, интелигенцијата ја наследуваме од нашите мајки


Без разлика дали на вас ви се допаѓа или не, според најновите истражувања, колку сте паметни зависи од интелигенцијата на вашата мајка.

Познато е дека жените се носител на XX хромозомот, додека пак, мажите на XY хромозомот. Хромозомите се наоѓаат во клеточното јадро и се одговорни за пренесување на генот. Истражувањето покажува дека интелигенцијата доаѓа од X хромозомот, а со оглед на тоа дека жените се носители на XX хромозомот, со тоа шансите се за два пати поголеми нашата интелигенција да потекнува од нив.

Некои студии покажуваат дека надвор од генетиката поврзаноста помеѓу мајката и детето е исто така тесно поврзана со интелигенцијата на детето.

Се смета дека цврстиот однос помеѓу мајката и детето е клучен за сигурност на детето, која е значајна тоа понатаму да изгради цврст став, да го истражува светот и да биде самостојно.

Освен тоа, предадените и грижливи мајки, често им помагаат на своите деца во решавање на нивните проблеми, а на тој начин им помагаат да го истакнат својот потенцијал.

Исто така истражувањето покажа дека генетиката не е единствениот фактор кој влијае на интелигенцијата – само 40 до 60 % од интелигенцијата е наследна, а за другиот дел е одговорна средината во која дејствува единката.

Од голема важност за развој на интелигенцијата кај децата е и улогата на таткото бидејќи постојат и други фактори како што се интуицијата и емоциите кои се наследни токму од татковците и влијаат на интелигенцијата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button