МАКЕДОНИЈА

Струга, средношколски бојкот на наставата

Струшките средношколци од двете средни училишта Нико Нестор и Ибраим Темо, новата учебна година ја почнаа со протести. Со мирен марш низ улиците на градот и чаршијата завршија пред општинската зграда. Бараат да се вратат во училишните клупи бидејќи се против изведување на онлајн настава.

Advertisements

„Ова не е политички протест, ниту партиски митинг за  најголемото злосторство што му се прави на еден народ, а тоа е запирање на образованието…“

„Ве замолуваме да ги отворите вратите на нашите училишта, а не на кафулињата…“

„Денеска ние велиме „НЕ“ на наметнувањето на онлајн учење кое сериозно тежи врз нашата психа…“

„На директорите и владата им порачуваме ние немаме потреба за лаптопи, имаме потреба за училиште. Учениците не се експериментални глувци за лабораторија“, рекоа учениците.

Во најголем дел во основните училишта во руралните средини во струшко родителите ја бојкотираа онлајн наставата. Од општина Струга очекуваат Министерството за образование да одговори позитивно на нивното барање за настава со физичко присуство во сите училишта во општината.

„…Ако може по кафетериите и по улици да се собираат луѓето и да нема влошување на состојбата со вирусот, зошто тогаш да нема присуство во училиштата?“, рече Дашмир Насуфи-општина Струга.

Иако на денешниот протест беа присутни само ученици со настава на албански јазик. Тие велат дека ќе продолжат со бојкотот на наставата, а нови протести најавуваат за наредниве денови.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button