ЕКОНОМИЈА

Бесими: Економската состојба е полоша од 2009 за време на светската економска криза

Пандемијата со Ковид 19 ја предизвика најголемата економска криза во земјава. Според министерот за финансии Фатмир Бесими економската состојба во земјава е сериозна и  полоша од кризата во 2009 година за време на светската економска криза, а најдобар показател за тоа е падот на бруто-домашниот производ.

Advertisements

„Сега за во првиот квартал имавме пад од БДП околу 6,5 отсто со вториот квартал 12,7 на БДП. Во 2009 третиот квартал беше 3,4 отсто, значи скоро четири пати падот на БДП е поголем во вториот квартал во однос со 2009. Јавниот долг тогаш беше 26,7 од БДП, а сега сме на 59,5 од БДП“, рече Бесими.

Бесими кој денеска беше на средба со банкарите вели дека е  добро што во оваа ковид -криза  банкарскиот систем е стабилен. Инаку, од денеска стартува второто шест месечно одложување на кредитните обврски кон банките. Точна бројка за тоа колку граѓани побарале повторно одложување банките засега немаат.

„Понудата беше пуштена до лица кои што имаат изгубено работа, лица на кои што имаат значително намалување на приходите, и лица кои што имаат зголемени трошоци за медицинско лекување. Во моментов немаме податоци за бројот на физички пред се кои што одговараат на оваа понуда, но и во делот на правни лица каде што мислам дека акцентот на повеќето банки беше да се даде поддршка на секторите кој се најпогодени“, рече Маја Стевкова Штериева- Претседателка на Македонска банкарска асоцијација.

Оние кои добија негативен одговор од месецов започнуваат со редовното исплаќање на кредитите. 

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button