
Големите поплави во централна Кина предизвикани од рекордни врнежи од дожд оставија најмалку 12 загинати, а повеќе од 100.000 се евакуирани од своите домови, објавија денеска државните медиуми. Градовите низ провинцијата Хенан беа погодени од поплавите, вклучително и главниот град на провинцијата, Женгжу со повеќе од 10 милиони жители. Улиците во градот се претворени во реки, а метро станиците се поплавени. Видеа споделени на социјалните мрежи покажаа како автомобили пловат по улиците. Застрашувачки видеа има со патници во метрото заробени во вагоните полни со вода. Неколку видеа од подземната железница покажаа безживотни тела на удавени луѓе.