МАКЕДОНИЈА

Четири месеци по разрешувањето на Сулејман Реџепи, ИВЗ и понатаму ја води вршител на должност

Продолжуваат ветувањата за реформи и за организирање на избори во ИВЗ и по четири месеци откако Шаќир Фетаху беше назначен за вршител на должноста, функција која не е предвидена со Уставот на ИВЗ. Фетаху вели дека органите на ИВЗ ќе одлучат кога ќе се одржат избори.

Advertisements

„…Особено највисокото тело, а тоа е Ријасетот на Исламската верска заедница. Уверени сме дека ова прашање ќе се реши и ќе се спроведе на најдобар можен начин во согласност со Уставот на ИВЗ. Сега сме во фаза на консолидација“.

Фетаху без конкретен одговор за можни финансиски злоупотреби од Сулејман Реџепи врз основа на членот 58 од Уставот кој меѓу другото наведува дека поглаварот на ИВЗ може да биде разрешен ако „не ги извршува обврските за кои е избран, кога неговите ставови и работа се спротивни на исламските норми и нормативни акти на ИВЗ, кога работи спротивно на одредбите и одлуките на надлежните органи на ИВЗ, или кога ја злоупотребува својата позиција на штета на интересите на ИВЗ.

„Мислам дека причините се наведени во членовите на Уставот на ИВЗ и дека според нас сè е јасно. И второ, мислам дека институцијата си ја работи својата работа, има свои тела, има свои внатрешни работи и јас мислам дека сè ќе биде транспарентно и отворено“.

На 27 мај, Ријасетот на ИВЗ го разреши Сулејман Реџепи од позицијата поглавар на ИВЗ, а на 30 мај, на прес конференција, Шаќир Фетаху објави дека е назначен за вршител на должноста поглавар. За можните финансиски злоупотреби на претходното раководство на ИВЗ, ненадлежни се прогласија УЈП и Централниот регистар, од каде рекоа дека ИВЗ не доставувала годишни финансиски извештаи. А од Финансиската полиција, пред извесно време рекоа дека се спроведува предистражна постапка во ИВЗ.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button