МАКЕДОНИЈА
Поради реконструкција целосно затворен за сообраќај патот преку Галичица

Поради изведување градежни активности за реконструкција на коловозот, од денеска па во наредните три дена целосно ќе биде затворен за сообраќај регионалниот патен правец преку планината Галичица.
Патниот правец Р 2332 од селото Царина во преспанско се до спојот со регионалниот пат Р 1301 Охрид – Свети Наум со години наназад е затворен за сообраќај во зимскиот период од октомври до март.