Патот Тетово – Јажинце стана ноќна мора за минувачите и возачите

Патот Тетово – Јажинце продолжува да биде еден од најопасните за пешаците, но и за возачите. Недостаток на сигнализација, на тротоари во вториот дел од патот и брзото возење, прават на овој патен правец да има несреќи скоро секој ден.
„Најопасната точка на патот Тетово – Јажинце е токму селото Џепчиште. Во оваа населба, скоро секоја година има по една жртва од брзо и невнимателно возење. Затоа, жителите презедоа иницијатива да постават пречки на патот на скоро секои сто метри со цел да се заштитат себе си.“
Жителите бараат почести полициски патроли и ноќно осветлување. А како долготрајно решение гледаат во изградбата на алтернативен пат, бидејќи на овој пат кој го поврзува Косово со Македонија, често поминуваат земјоделска механизација, што дополнително го отежнува движењето.
„Нема тротоар, уличното осветлување не работи, голема брзина на автомобилите. Како што можете да видите, ова е тоа.
„Државата треба да изгради помошен пат, бидејќи ова е многу тешко, особено кога ќе дојдат иселениците. Тротоар треба да има, светла ноќе и помошен пат, безбедноста е нула ”.
„Сами гледате како е, тоа е многу фреквентен пат. Државата мора да преземе мерки “.
Од тетовската полиција велат дека на оваа патна насока казните се зголемени тројно.
„Тројно е зголемен бројот на казни во врска со брзото возење, преминување на полна линија, непочитување на другите сообраќајни знаци.“
За само еден месец, на овој патен правец се случиле 11 несреќи.
Bashkim Sulejmani