ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стечајците во рок од 30 дена треба да се пријават во Агенцијата за вработување

Министерството за труд и социјална политика ги повикува стечајните работници кои ги исполнуваат условите за добивање надомест согласно со новиот Закон за стечајци, што беше изгласан вчера во Собранието, да се пријават во Агенцијата за вработување во рок од 30 дена.

Advertisements

Со новиот Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, Министерството за труд и социјална политика обезбеди паричен надомест за уште 1 100 стечајци.

Согласно Законот за стечајци, невработеното лице треба да има најмалку 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата.

Останатите услови остануваат исти како и со досегашното законско решение, односно работниот однос на невработеното лице да му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 31 декември 2020 година, во претпријатие со доминантна сопственост на државата или на кое работниот однос му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, по приватизација на претпријатието, под услов истиот да бил заснован додека претпријатието било со доминантна сопственост на државата.

На денот на поднесување на барањето, невработеното лице треба да е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж); да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон, да не било во работен однос.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button