ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денеска сончево и многу топло, со локална облачност

Во Македонија денеска се очекува сончево и натпросечно топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 23 до 42 степена. Во Скопје слично време со температура од 19 до 38 степени. УВ=9.