Една третина од возрасните вакцинирани барем со една доза против ковид

Заклучно со 1 август, со една доза на вакцина против ковид 19 вакцинирани се 31 процент од населението над 18 годишна возраст. Половина од луѓето над 50 годишна возраст се вакцинирани со една доза, опфатот со вакцинација на луѓето на 60 години е 61, 2 проценти, а кај лицата над 70 години изнесува 64,9 отсто.
Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани, има во Скопје – 159.514, во Битола – 35.067 и во Тетово каде се вакцинирани 31.007 граѓани. Во Куманово, Прилеп и Охрид имаат помеѓу 20.000-25.000 вакцинирани граѓани со прва доза, а помеѓу 15.000-20.000 граѓани се вакцинирани досега во градовите Велес, Кавадарци, Струмица, Гостивар и Штип, додека пак во Кочани и Струга вакцинирани се нешто повеќе од 10.000 граѓани. Во Демир Хисар, Кичево, Ресен, Неготино, Св. Николе, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, Крива Паланка, Кратово, Дебар, Крушево, Македонски Брод, Валандово, Пробиштип и Радовиш вакцинирани се под 10.000 граѓани во секој од градовите.